Рецепти
Свинско со сенф Ана Ѓорова

Печено, маринирано свинско месо со зеленчук и со зачини што одлично оди со чаша вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско каре(400 Грама)

Сенф(4 Супени лажици)

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Морков(10 )

Компир(4 )

Зелена пиперка(1 )

Сув магдонос(5 Кафени лажици)

Сув босилек(1 Кафена лажица)

Вегета

Сол

Бибер

Масло

Вода(по потреба )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Свинското каре се сече на 4 парчиња.
  2. Секое парче се премачкува со сенф (по една лажица на секое парче) и се зачинува со бибер, сол, вегета.
  3. Тавата за печење се намастува со масло и се редат во неа парчињата свинско месо.
  4. Врз секое парче месо се става исечкан кромид и лук, сечкана пиперка и се наросува босилек.
  5. Морковите се сечкаат на кругови и рамномерно се распоредуваат низ тавата.
  6. Компирите се сечкаат на коцки и рамномерно се распоредуваат над сечканите моркови во тавата.
  7. Компирите се посипуваат со сув магдонос, се става уште малку масло и се сипува вода колку да се покријат компирите во тавата.
  8. Тавата се прекрива со алуминиумска фолија и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 1 час.
  9. Потоа се отстранува алуминиумската фолија и продолжува да се пече на 150 степени уште половина час.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: