Рецепти
Тарт од дуњи
Вкусен тарт со тесто од бадеми, фил од дуњи и крцкава површина од овесни снегулки
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Дуња(1 Килограм)
Шеќер(325 Грама)
Лимон(1 1/2 )
Цимет(1 Кафена лажица)
Нишесте (пченкарен скроб)(2 Супени лажици)
Путер(280 Грама)
Брашно(300 Грама)
Мелени бадеми(50 Грама)
Јајце(2 )
Овесни снегулки(75 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа
ФИЛ:
- Дуњите измијте ги, преполовете ги и извадете им ги дршките и семките. Потоа исечете ги на парчиња и ставете ги во тенџере со 350 милилитри вода. Покријте со капак и варете 1 час додека дуњите омекнат и ја променат бојата.
- Сварените дуњи оставете ги малку да се подоладат, а потоа изблендирајте ги како пире.
- Пирето од дуњи ставете го во тава на оган, додајте 175 грама шеќер, рендана кора и свежо исцеден сок од половина лимон и цимет.
- Гответе со повремено мешање додека смесата се намали 1/3, па потоа додајте го пченкарниот скроб помешан со малку вода и мешајте додека смесата се згусне. Тргнете од оган и оставете да се олади.
ТЕСТО:
- Измешајте 140 грама омекнат путер, исечен на парчиња со 200 грама брашно и мелените бадеми. Промешајте убаво и додајте 75 грама шеќер, рендана кора од еден лимон, промешајте повторно и додајте едно јајце и една жолчка од јајце.
- Од состојките замесете тесто, завиткајте го како ролат и оставете го да отстои 15-тина минути.
- Тестото расукајте го на малку набрашнета површина во форма на круг со големина од 22 сантиметри.
- Расуканото тесто ставете го во кружен сад за печење, превиткајте ги краевите ако е потребно и оставете да отстои уште 15 минути.
- Потоа врз садот со тестото ставете хартија за печење и врз хартијата на креавите наредете зрна грав за да се оформи тартот и ставете го да се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 160°C. Извадете од рерна, тргнете ги зрната грав и печете уште 15 минути додека површината стане крцкава. Оставете да се подолади.
ФИЛ ОД ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ:
- Зголемете ја температурата на 180°C.
- Измешајте 100 грама брашно, овесни снегулки и 75 грама шеќер. Додајте сосема малку сол, измешајте и потоа додајте 140 грама омекнат путер, исечен на парчиња.
- Измешајте ја убаво смесата додека сите состојки се соединат.
ФИНАЛНА ПОСТАПКА:
- Потпечениот тарт извадете го на работната површина, додајте го пирето од дуња, убаво израмнете и потоа наросете од филот со овесни снегулки.
- Печете го во загреаната рерна околу 25-30 минути, односно додека површината стане златнокафена.
- Пресечете го тартот на парчиња и сервирајте го топол со крем или со шлаг по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во