Рецепти
Тарт од дуњи Ана Ѓорова

Вкусен тарт со тесто од бадеми, фил од дуњи и крцкава површина од овесни снегулки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Дуња(1 Килограм)

Шеќер(325 Грама)

Лимон(1 1/2 )

Цимет(1 Кафена лажица)

Нишесте (пченкарен скроб)(2 Супени лажици)

Путер(280 Грама)

Брашно(300 Грама)

Мелени бадеми(50 Грама)

Јајце(2 )

Овесни снегулки(75 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа

ФИЛ:

  1. Дуњите измијте ги, преполовете ги и извадете им ги дршките и семките. Потоа исечете ги на парчиња и ставете ги во тенџере со 350 милилитри вода. Покријте со капак и варете 1 час додека дуњите омекнат и ја променат бојата.
  2. Сварените дуњи оставете ги малку да се подоладат, а потоа изблендирајте ги како пире.
  3. Пирето од дуњи ставете го во тава на оган, додајте 175 грама шеќер, рендана кора и свежо исцеден сок од половина лимон и цимет.
  4. Гответе со повремено мешање додека смесата се намали 1/3, па потоа додајте го пченкарниот скроб помешан со малку вода и мешајте додека смесата се згусне. Тргнете од оган и оставете да се олади.

ТЕСТО:

  1. Измешајте 140 грама омекнат путер, исечен на парчиња со 200 грама брашно и мелените бадеми. Промешајте убаво и додајте 75 грама шеќер, рендана кора од еден лимон, промешајте повторно и додајте едно јајце и една жолчка од јајце.
  2. Од состојките замесете тесто, завиткајте го како ролат и оставете го да отстои 15-тина минути.
  3. Тестото расукајте го на малку набрашнета површина во форма на круг со големина од 22 сантиметри.
  4. Расуканото тесто ставете го во кружен сад за печење, превиткајте ги краевите ако е потребно и оставете да отстои уште 15 минути.
  5. Потоа врз садот со тестото ставете хартија за печење и врз хартијата на креавите наредете зрна грав за да се оформи тартот и ставете го да се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 160°C. Извадете од рерна, тргнете ги зрната грав и печете уште 15 минути додека површината стане крцкава. Оставете да се подолади.

ФИЛ ОД ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ:

  1. Зголемете ја температурата на 180°C.
  2. Измешајте 100 грама брашно, овесни снегулки и 75 грама шеќер. Додајте сосема малку сол, измешајте и потоа додајте 140 грама омекнат путер, исечен на парчиња.
  3. Измешајте ја убаво смесата додека сите состојки се соединат.

ФИНАЛНА ПОСТАПКА:

  1. Потпечениот тарт извадете го на работната површина, додајте го пирето од дуња, убаво израмнете и потоа наросете од филот со овесни снегулки.
  2. Печете го во загреаната рерна околу 25-30 минути, односно додека површината стане златнокафена.
  3. Пресечете го тартот на парчиња и сервирајте го топол со крем или со шлаг по желба.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: