Рецепти
Торта со фил од чоколадо и лимон Ана Ѓорова

Вкусна торта што ќе ја обожавате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(16 )

Шеќер(800 г за пандишпан )

Брашно(200 г за пандишпан )

Кокосово брашно(400 г за пандишпан )

Лимон(1 за пандишпан )

Прашок за печиво(1 за пандишпан )

Сол(за пандишпан )

Млеко(200 г за филовите )

Шеќер(400 г за филовите )

Путер(500 г за филовите )

Црно чоколадо(100 г за филовите )

Портокал(2 за филовите )

Лимон(1 за филовите )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Пандишпани

  1. Лимонот исцедете го, јајцата искршете ги и одделете ги жолчките од белките.
  2. Белките изматете ги со миксер, а во садот кај што ќе ги матите постепено додавајте го шеќерот и непрекинато матете.
  3. Посолете и додајте го лимоновиот сок и непрекинато матете.
  4. Откако белките ќе ја добијат потребната цврстина, исклучете ги миксерот, додајте ги брашното, печивото и кокосовото брашно и мешајте со дрвена лажица додека смесата се соедини.
  5. Смесата распоредете ја во 2 тави обложени со хартија за печење и печете ги 30 минути во загреана рерна на 180°C.

Филови

  1. Во тенџере на оган ставете ги шеќерот и жолчките преостанати од пандишпаните. Матете со миксер додека шеќерот се растопи.
  2. Додајте го млекото и мешајте со лажица.
  3. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган и оставете го кремот да се излади.
  4. Во друг сад со миксер изматете го путерот и додајте го изладениот крем од жолчки.
  5. Матете со миксерот додека смесата се соедини. Поделете ја смесата на 3 еднакви дела.
  6. Чоколадото за готвење искршете го на коцки и растопете го на тивок оган во тенџере со непрекинато мешање. Откако ќе се олади, додајте го во првиот сад. Матете со миксер додека чоколадниот фил се соедини.
  7. Половина лимон исцедете со цедалка, додајте го во вториот сад и мешајте со лажица да се соедини.
  8. Во третиот сад исцедете 1 портокал и измешајте.

Финална постапка

  1. Пандишпаните извадете ги од тавите и отстранете им ја хартијата за печење. Исечете ги на половина по широчина.
  2. Преостанатата половина лимон и вториот портокал исцедете ги и попрскајте ги пандишпаните.
  3. Премачкајте го првиот пандишпан со филот од лимон, поклопете со втора лента пандишпан и премачкајте ја со 1/2 од чоколадниот фил.
  4. Ставете ја третата лента пандишпан и филувајте ја со филот од портокал. Врз филот поклопете ја четвртата лента пандишпан.
  5. Целата торта премачкајте ја со преостанатиот чоколаден фил и декорирајте по желба со чоколаден прелив или со рендано црно чоколадо.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: