Рецепти
Торта со ореви и јагоди (tarta orzechowa) Ана Ристеска

Полски специјалитет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Шеќер во прав(25 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Јајце(4 )

Путер(175 Грама)

Јагоди(500 Грама)

Црно чоколадо(50 Грама)

Мелени ореви(150 Грама)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Шеќер(50 Грама)

Рум(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Брашното се става на работната маса и се додаваат шеќер во прав, ванилин шеќер, 1 јајце, 125 грама путер сечен на парчиња и 1 лажица ладна вода.
  2. Тестото бргу се гмечи (меси).
  3. Потоа од него се формира круг (кугла), се завиткува во фолија и се остава 30 минути во фрижидер.
  4. На масата посипана со брашно се размесува тестото од фрижидер во дијаметар 32 см.
  5. Тава со величина 26 см широка и долга, се мачка со зејтин и се посипува со брашно.
  6. Се става тестото во дното и ѕидовите на тавата и се боцка со виљушка.
  7. Се остава 15 – 20 минути во фрижидер.
  8. Јагодите се сечат на половина.
  9. Се вади од фрижидер тестото и се става во рерна на 200 степени (предходно загреана) и се пече 20 минути.
  10. Се вадат хартијата и тестото.
  11. Темното чоколадо се ренда од крупната страна на рендето и се меша со прашокот за пециво и со оревите.
  12. На 3 јајца ги одделуваме жолчката и белката.
  13. Белките се матат со миксер на јака брзина. Потоа се додаваат останатиот дел од путерот, шеќер и рум и се продолжува со матење со помала брзина.
  14. Жолчките се матат со темното чоколадо и мелните ореви. Потоа на оваа смеса се додава смесата со белките и се заедно се меша.
  15. Врз испеченото тесто се редат исечканите јагоди и се преливаат со смесата со јајцата.
  16. Тортата се пече 20 минути на 200 степени, а потоа се декорира со свежи јагоди и топено чоколадо.

 

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: