Рецепти
Трилече Ана Ѓорова

Популарниот вкусен и сочен колач – Трилече од три вида млека со потекло од Јужна Америка (шпански: torta de tres leches)

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кондензирано млеко(400 Грама)

Млеко(400 Грама)

Слатка павлака(1 Чаша)

Јајце(6 )

Шеќер во прав(2 Чаши)

Шеќер(2 Чаши)

Брашно(2 Чаши)

Ванилин шеќер(1 Кафена лажица)

Прашок за печиво(2 Кафени лажици)

Вода(3 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Загрејте ја рерната на максимум. Намрсете средно голем сад за печење и наросете го со брашно и оставете го настрана.
  2. Изматете 6 белки од јајцата со миксер и додајте 2 чаши шеќер во прав, па една по една 6 жолчки од јајце. Додајте ги брашното и прашакот за печиво во смесата и додајте 1/2 чаша млеко и убаво промешајте со миксер. Додајте го ванилиниот шеќер и ставете ја смесата во садот за печење, па печете 20 – 30 минути на 180°C додека малку не потемне.
  3. Подготовка на филот: во блендер ставете 400 грама млеко, 400 грама кондензирано млеко и слатка павлака и убаво изблендирајте.
  4. Извадете го колачот од рерна и додека е топол полијте го со смесата од млеко. Оставете да се подолади на собна температура, а потоа покријте го со крпа и оставете во фрижидер што е можно повеќе (до 4 часа).
  5. Подготовка на карамелата: во тенџере измешајте 2 чаши шеќер со 3 супени лажици вода и мешајте додека не се соедини смесата и додека не се стопи шеќерот и тргнете настрана.
  6. Извадете го оладениот колач од фрижидер и прелијте го со карамела. Послужете и уживајте!
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: