Рецепти
Турски крофни Ана Ѓорова

Турски деликатес

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(400 Грама)

Вода(675 Милилитри)

Свеж сок од лимон(1 Кафена лажица)

Брашно(220 Грама)

Путер(1 Супена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Квасец(10 Грама)

Масло(500 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

За сирупот:

  1. Варете го шеќерот во 350 мл вода заедно со лимоновиот сок на умерен оган додека не се растопи.
  2. Оставете го сирупот да врие 10 минути без мешање, па тргнете го од оган и оставете го да се олади.

За крофните:

  1. Брашното измешајте го со растопениот путер и солта.
  2. Квасецот растворете го во млака вода (325 мл) и додајте го на брашното.
  3. Добиеното тесто оставете го на топло место 20 минути.

Финална постапка:

  1. Загрејте го маслото, па намалете ја температурата до умерена.
  2. Со лажица земајте од смесата и спуштајте крофни во врелото масло.
  3. Пржете ги сè додека не нараснат и вадете ги од маслото додека се бели. Потоа пржете ги во истото масло сè додека не заруменат.
  4. Една четвртина од крофните спуштете ги во оладениот сируп и оставете ги да впијат 10 минути.
  5. Повторете го истото со сите крофни, а потоа прелијте ги со останатиот сируп.
  6. Посипете ги готовите крофни со цимет (или со кокос и мелени ф’стаци) и сервирајте ги.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: