Рецепти
Варило со прокељ и паткино месо Ана Ѓорова

Вкусен ручек од паткино месо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Прокељ(600 Грама)

Морков(300 Грама)

Компир(300 Грама)

Кромид(1 Главица)

Димена сланина(150 Грама)

Коцка за супа-говедскa(1 )

Месо од патка(500 Грама)

Сол

Бибер

Сечкан магдонос(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Исчистете го и измијте го прокељот, а поголемите главици исечете ги на половина.
  2. Компирите и морковите исчистете ги, па исечете ги на помали коцки. Ситно исечкајте го и кромидот.
  3. Сланината исечкајте ја многу ситно и пропржете ја во тава без масло. Кога ќе стане крцкава, извадете ја.
  4. Во тавата додајте го кромидот и пржете додека да стане стаклест. Додајте го прокељот и оставете го да се пропржи.
  5. Откако ќе се пропржат кромидот и прокељот, полијте ги со 1,25 л говедска супа и варете на тивок оган 10 минути. Поклопете со капак.
  6. Потоа додајте ги коцките моркови и компири и варете ги уште 15 минути.
  7. Месото од патка измијте го (употребете паткини гради со кожа), избришете го, посолете го и попиперете го. Ставете го во подмачкана тава и печете го 10 минути. Превртете го, па печете го уште 5 минути на другата страна.
  8. Потоа месото исечете го на тенки парчиња, посолете го, попиперете го, посипете го со магдонос и сервирајте го со сланината и прокељот.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: