Рецепти
Затворени пици Ана Ѓорова

Вкусни, домашни пици како совршена идеја за ручек или вечера за Вас и пријателите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Сол(1 Кафена лажица)

Горчлив ликер(1 Кафена лажица)

Јајце(1 )

Газирана вода(1 Чаша)

Млеко(1 Чаша)

Вода(1 Чаша)

Масло(1 Чаша)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Квасец(1 )

Брашно(1 Килограм)

Рендан кашкавал(200 Грама)

Домат(2-3 )

Свежи шампињони(100 Грама)

Шунка(200 Грама)

Павлака(100 Милилитри)

Суво оригано(1 Супена лажица)

Кечап(3-4 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Квасецот измешајте го во малку млака вода и оставете го да стаса.
  2. Потоа со дланките се замесува тесто од брашното, ликерот, јајцето, киселата вода, млекото, обичната вода, маслото, прашакот за печиво и стасаниот квасец.
  3. Тестото се дели на 10-12 топчиња кои се покриваат со кујнска крпа и се оставаат на топло да стасаат.
  4. Во меѓувреме измешајте исечкани домати, шунка, печурки, рендан кашкавал и павлака. Додајте оригано и други зачини по вкус.
  5. Откако ќе стасаат и ќе го зголемат волуменот, од топчињата се сукаат кори со средни димензии.
  6. На едната половина од кората се става од филот и се затвара со другата половина. Постапката повторете ја со останатите кори и формирајте затворени пици.
  7. Затворените пици се редат во намастена тава, се премачкуваат со кечап и се печат додека тестото не зарумени.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: