Рецепти
Здрав сникерс Ана Ѓорова

Здрава чоколадна ужинка со путер од кикирики што е одлична за на училиште, факултет или за на работа

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бадеми(150 Грама)

Урми(150 Грама)

Путер од кикирики-органски(4 Супени лажици)

Јаворов сируп(или мед 2 лажици )

Морска сол(1 Кафена лажица)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Црно чоколадо(125 Грама)

Ф‘стаци

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Изблендирајте ги урмите (без семки) со бадемите во блендер додека добиете хомогена смеса.
  2. Смесата со помош на прстите натапкајте ја во сад врз хартија за печење.
  3. Во друг сад измешајте го путерот од кикирики со јаворовиот сируп, ванилата и солта. Смесата додајте ја врз смесата со урми и бадеми и убаво израмнете.
  4. Ставете во фрижидер најмалку 30 минути да се стврдне.
  5. Извадете од фрижидер и пресечете го колачот на коцки.
  6. Во тенџере на оган на тивко растопете го чоколадото.
  7. Со лажица прелијте ги коцките со чоколадната смеса, наросете ги со сечкани ф’стаци (или други јатки по желба), па ставете ги во фрижидер да се стврднат пред послужување.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Домашен сендвич сладолед
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Смути од јапонски јаболки и круши
Овесни колачиња
Овесни барови со јаворов сируп
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со јаболко
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Здраво чоколадно лепче
Чоколадни брауни од тиква
Палачинки од сладок компир
Пудинг од брусница и портокал
Печен лосос со лук и магдонос (посно)
Пица од карфиол
Утринска каша од овес и чиа
Брза пита од тиква
Здрав џем од ѓумбир
Смути со калинки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: