Рецепти
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви Ана Ѓорова

Богата и прекрасна торта со која нема да погрешите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(5 за првиот пандишпан )

Шеќер(5 лажици за првиот пандишпан )

Брашно(4 лажици за првиот пандишпан )

Мелени ореви(8 лажици за првиот пандишпан )

Црно чоколадо(50 грама за првиот пандишпан )

Какао(1 лажица за првиот пандишпан )

Јајце(6 за вториот пандишпан )

Шеќер(6 лажици за вториот пандишпан )

Брашно(4 лажици за вториот пандишпан )

Сечкани ореви(100 грама за вториот пандишпан )

Урми без семки(50 грама за вториот пандишпан )

Суви сливи(50 грама за вториот пандишпан )

Јајце(1 за филот )

Шеќер(200 грама + 6 лажици за филот )

Млеко(600 мл за филот )

Мелени ореви(150 грама за филот )

Маргарин(250 грама за филот )

Пудинг од ванила(2 пакетчиња за филот )

Банана(2 за филот )

Црно чоколадо(200 грама за филот )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

1 пандишпан

  1. Изматете ги пенасто со миксер јајцата и шеќерот додека шеќерот се растопи.
  2. Додајте ги мелените ореви, брашното, ренданото чоколадо и какаото.
  3. Смесата префрлете ја во тава за печење обложена со намастена хартија за печење.
  4. Печете го првиот пандишпан во рерна на 180°C околу 30 минути.

2 пандишпан

  1. Одделете ги жолчките од белките – белките изматете ги со миксер заедно со шеќерот додека ја добијат потребната цврстина. Жолчките се чуваат за филот.
  2. Изматените белки измешајте ги со сечканите урми и суви сливи, брашното и сечканите ореви и мешајте додека смесата се соедини.
  3. Печете во рерна на 180°C околу 20 минути.

Фил

  1. Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и 6 лажици шеќер.
  2. Пудингот додајте го со преостанатото млеко и мешајте со жица.
  3. Потоа непрекинато мешајќи со жицата во зовриеното млеко во тенџерето на оган додајте го размешаниот пудинг и варете додека пудингот ја добие потребната густина.
  4. Јајцето се меша со жолчките што ги тргнавте настрана кога се подготвуваше пандишпанот, додајте 200 г шеќер, ставете го садот на пареа, матете со миксер и варете додека кремот ја добие потребната густина.
  5. Во друг сад со миксер пенасто изматете го маргаринот и измешајте го со двете претходно подготвени и изладени смеси.
  6. Добиената смеса поделете ја на три дела – во првата смеса додајте ги мелените ореви, во вториот сад додајте го растопеното чоколадо (оладено), а во третата смеса испасираните банани.

Финална постапка

  1. Пандишпаните исечете ги на половина по широчина.
  2. На првата лента од првиот пандишпан нанесете го филот со мелени ореви.
  3. Врз филот ставете ја првата лента од вториот пандишпан и премачкајте со филот од чоколадо.
  4. Поклопете со пандишпан и премачкајте од филот со бананите.
  5. Целата торта филувајте ја така додека да се потрошат состојките.
  6. Одозгора декорирајте со чоколадо и со мелени ореви.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: