Рецепти
Пита со сливи и чоколадо Ана Ѓорова

Вкусен десерт во кој ќе уживате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Путер(165 Грама)

Шеќер(175 Грама)

Јајце(1 )

Сол(1 Прстофат)

Вода(1-2 Супени лажици)

Слива(500 грама (може и од компот) )

Ванилин шеќер(1 )

Рум(2 Супени лажици)

Цимет(1 Кафена лажица)

Црно чоколадо(150 Грама)

Слатка павлака(2-3 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Измешајте ги брашното, 75 г шеќер и прстофат сол. Додајте 125 г путер (ладен од фрижидер, исечен на коцки), 1 јајце и малку ладна вода, па замесете тврдо тесто.
  2. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да одмори половина час во фрижидер.
  3. Сливите измијте ги, преполовете ги, извадете им ги семките и исечете ги на четвртинки.
  4. Ставете ги во тенџере на оган, посипете ги со 100 г шеќер и 1 ќесичка ванилин шеќер и мешајте 30-тина минути додека вишокот течност испари.
  5. Потоа додајте малку рум и цимет и гответе ги сливите уште 10 минути.
  6. Ако користите овошје од компот, само исцедете го и додајте му ги зачините.
  7. Тестото развлечете го и префрлете го во намастен калап за печење торти, со тоа што краевите да излегуваат на површината и да ги исечете.
  8. Рамномерно распоредете го филот врз тестото и печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени додека краевите на тестото благо заруменат.
  9. Почекајте питата да се олади, па прелијте ја со чоколаден прелив од 150 г чоколадо растопено со 40 г путер и 2-3 лажици слатка павлака. Одозгора по желба наросете со јатки.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: