Рецепти
Модри патлиџани на турски начин Ана Ѓорова

Вкусен специјалитет од полнети модри патлиџани со мелено месо, домати и пиперки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Модар патлиџан(4 )

Маслиново масло(125 Милилитри)

Кромид(2 Главици)

Лук(4 Чешниња)

Зелена бабура(2 помали )

Јунешко мелено месо(300 Грама)

Домат(500 Грама)

Доматно пире(1 Супена лажица)

Магдонос(1 Китка)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Модрите патлиџани пругасто излупете ги по должина и по должина преполовете ги. Пржете ги во загреано маслиново масло 5 минути.
  2. Извадете ги врз салфета да се исцедат, благо издлабете ги (не докрај), па во истото масло пржете ги исечканиот кромид и лук, издлабениот и исечкан дел од модриот патлиџан и пиперката исечкана на коцкички.
  3. По 2 минути пржење (колку да омекнат) додајте го меленото месо и доматното пире.
  4. Од доматите одвојте 8 кришки, а остатокот исечкајте го на коцки и додајте го да се пржи со месото.
  5. Во смесата додајте и сечкан магдонос, па зачинете со сол и бибер и динстајте уште 5 минути.
  6. Модрите патлиџани наредете ги во намастен плех и наполнете ги со смесата од мелено месо. Одозгора ставете кругови домат и ленти пиперки.
  7. Во плехот налејте чаша вода, покријте го со алуминиумска фолија и печете 45 минути во загреана рерна на 180 степени.
  8. Сервирајте го јадењето со јогурт и со лук.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: