Рецепти
Урма торта Ана Ристеска

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете суво бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(10 )

Урми(400 Грама)

Шеќер(10 Супени лажици)

Ореви(300 Грама)

Брашно(4 Супени лажици)

Путер(250 Грама)

Шеќер во прав(18 Супени лажици)

Црно чоколадо(200 Грама)

Шлаг во прав(2 Пакувања)

Млеко(250 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

Пандишпан:

  1. Урмите без семки ситно ги сечкаме.
  2. Со сукалка ги дробиме оревите.
  3. Јајцата ги кршиме и ги делиме жолчките од белките.
  4. Белките ги матиме со миксер и им додаваме 10 лажици шеќер, па продолжуваме да матиме додека шеќерот не се растопи.
  5. Потоа во матените белки ги додаваме издробените ореви, исечканите урми и брашното.
  6. Мешаме со лажица додека состојките добро се соединат.
  7. Тестото за пандишпанот го истураме во тава за печење обложена со хартија.
  8. Тавата ја ставаме во рерна и печеме 15 минути на 200 степени.

 

Фил:

  1. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа.
  2. Со миксер ги матиме путерот и 10 лажици шеќер во прав додека путерот не стане пенест.
  3. Садот со растопената чоколада го тргаме од оган.
  4. Во садот со жолчките додаваме 8 лажици шеќер во прав и матиме со миксер.
  5. Потоа во садот со изматените жолчки го додаваме изматениот путер и матиме со миксер додека смесата не се соедини.
  6. Во садот ја додаваме изладената растопена чоколада и матиме со миксер додека филот не се соедини.

 

Филување:

  1. Од испечениот пандишпан ја отстрануваме хартијата и го сечеме на два еднакви дела.
  2. Првиот дел го ставаме на долниот дел од правоаголна (или кружна) кутија за торта и го премачкуваме со фил.
  3. Врз филот го ставаме вториот дел од пандишпанот.
  4. И него го филуваме.

 

Финална постапка:

  1. Со миксер ги матиме млекото и прашокот за шлаг.
  2. Матиме додека шлагот не ја добие потребната густина.
  3. Шлагот го ставаме во готварски шприц и ги прекриваме страничните делови на тортата, како и краевите на горната површина на тортата.
  4. Тортата може да ја декорираме со јатки од ореви или со овошје на следниот начин: со полукругови портокал свиткани во форма на осумки ги украсуваме краевите на горната површина на тортата.
  5. Врз горната површина на тортата нанесуваме сечкани јагоди.
  6. Меѓу јагодите нанесуваме мали парчиња портокал.
  7. На средината на тортата по должина редиме зелени зашеќерени цреши.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: