Рецепти
Влашка пита Ана Ѓорова

Пита со праз и урда како одлично предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Млеко(500 Милилитри)

Квасец(1 )

Масло(1 Чаша)

Маргарин(1/2 )

Јајце(2 )

Сол(1 Супена лажица)

Шеќер(1 Супена лажица)

Праз(5-6 )

Урда(250 Грама)

Сусам

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Во длабок сад се мешаат млако млеко, шеќер, сол, квасец, масло и јајца.
  2. Убаво се промешува и се додаваат 10 лажици брашно и се остава квасецот да нарасне 5-10 минути.
  3. Потоа се додава преостанатото брашно и се замесува меко тесто кое се дели на три еднакви топки.
  4. Од секоја топка се расукува кора и се премачкува со маргарин. Потоа кората се преклопува неколку пати за да се добие лиснато тесто и се става во замрзнувач.
  5. Постапката се повторува и со останатото тесто и се остава да отстои 30 минути.
  6. Потоа од секоја топка повторно се засукува кора со големина колку плехот во кој ќе се пече питата и се става фил од претходно испржениот праз со урда.
  7. Се расукува и втора кора и се става врз кората со фил и врз неа повторно се реди од филот. На крајот се расукува и третата кора и се поклопува врз филот од праз.
  8. Вака добиеното тесто се премачкува со жолчка од јајце и се посипува со сусам.
  9. Тестото се сече на ленти со широчина од 2 см, се виткаат во спирала и се редат една до друга во намастен плех. Откако ќе се наполни плехот, се остава да стаса 30 минути.
  10. Питата се пече на 200°C, околу 25-30 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: