Рецепти
Француски штангли Ана Ѓорова

Вкусен десерт со два вида пандишпан и кремаст фил за вистинско уживање

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(300 грама + 10 лажици )

Ванилин шеќер(4 Пакувања)

Млеко(850 Милилитри)

Масло(350 Милилитри)

Гриз(5 Супени лажици)

Мелени ореви(5 Супени лажици)

Какао(1 Супена лажица)

Брашно(18 Супени лажици)

Прашок за печиво(1/2 Пакување)

Лимон(1 )

Маргарин(250 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

Џем од кајсии(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

Кафен пандишпан

  1. Три јајца со миксер изматете ги со 150 г шеќер и 1 ванилин шеќер додека се растопи шеќерот.
  2. Потоа додајте какаото, 9 лажици брашно, мелените ореви, 200 мл масло и 200 мл млеко и мешајте со лопатка додека смесата се соедини.
  3. Нанесете ја смесата во тава обложена со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени, 30 минути.

Жолт пандишпан

  1. Останатите 3 јајца со миксер изматете ги со 150 г шеќер и 1 ванилин шеќер додека се растопи шеќерот.
  2. Додајте ги прашакот за печиво, 150 мл млеко, 150 мл масло и 9 лажици брашно, па мешајте да се соедини смесата.
  3. Нанесете ја во тава обложена со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени, 30 минути.

Фил

  1. Во тенџере на оган ставете 500 мл млеко, 10 лажици шеќер и 2 пакетчиња ванилин шеќер.
  2. На покрупната страна од рендето изрендајте кора од лимон и мешајте со лажица.
  3. Додајте го гризот и варете додека гризот ја добие потребната густина. Оставете кремот да се олади.
  4. Во сад за матење со миксер изматете го маргаринот додека да стане пенест.
  5. Матениот путер изматете го со изладениот крем со миксерот.

Финална постапка

  1. Кафениот пандишпан премачкајте го прво со џем, па со фил.
  2. Поклопете со жолтиот пандишпан и повторете ја постапката.
  3. Одозгора за декорација по желба може да наросите мелени ореви или да изрендате чоколадо.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: