Рецепти
Јагнешка чорба Ана Ѓорова

Чорба од јагнешки џигер и јагнешка глава со зеленчук за ручек. Послужете ја со кисела павлака и потпечен леб со лук.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешки џигер(1 комплет + 1 јагнешка глава )

Кисело млеко(1/2 Литар)

Ориз(300 Грама)

Јајце(2 )

Млад кромид(2 страка )

Млад лук(1 страк )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Џигерот и јагнешката глава се варат во солена вода. Откако убаво ќе се сварат, се вадат од тенџерето, а водата во која што се вареа се процедува.
  2. Ситно се сечкаат белиот и црниот цигер, а јагнешката глава се чисти од коските и месото ситно се сечка.
  3. Течноста во која што се вареше месото се става повторно да зоврие. Се сечкаат кромидот и лукот и се додаваат во течноста.
  4. Исечканото месо се додава во тенџерето, а откако ќе зоврие се додава и оризот.
  5. Киселото млеко се мати со јајцата.
  6. Кога чорбата е сварена, тенџерето се трга настрана. Со црпалка се зема од течноста и се додава во смесата со јајца и кисело млеко. Се разматува, па постепено се додаваат во топлата чорба. Се служи топло.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: