Рецепти
Јагнешко со бамји Ана Ѓорова

Јагнешкото месо на овој начин е многу вкусно и едноставно за подготовка

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешко месо(со коска 1 Килограм)

Бамја(150 Грама)

Доматно пире(250 Грама)

Лимон(1 )

Кромид(1 Главица)

Вегета

Сол

Бибер

Каранфилче(1 Кафена лажица)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Јагнешкото месо исечете го на покрупно и зачинете го со сол, бибер и вегета. Пржете го на загреано масло во тенџере на оган.
  2. Откако месото ќе се испржи од двете страни, извадете го од тенџерето и во тенџерето на преостанатата маснотија пржете го кромидот.
  3. Откако кромидот ќе омекне, додајте ги каранфилчињата и доматното пире.
  4. Промешајте и во тенџерето вратете ги испржените парчиња јагнешко месо.
  5. Налејте околу 700 мл врела вода и зачинете по вкус.
  6. Во друго тенџере на оган зовријте вода и додајте половина од лимоновиот сок, па ставете ги бамјите да се варат.
  7. Омекнатите бамји ставете ги во длабока чинија и прелијте ги со преостанатиот лимонов сок.
  8. Кога ќе се свари месото, додајте ги бамјите во тенџерето и промешајте.
  9. Откако бамјите ќе го впијат вкусот од јагнешкото месо, сервирајте.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: