Рецепти
Чорба од чадено месо Ана Ѓорова

Вкусна чорба со свинско чадено месо и доматен сос што е одлична за предјадење или за ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско месо(чадено 500 грама )

Кромид(1 Главица)

Домат(1 )

Кисела павлака(100 Милилитри)

Доматно пире(3 Супени лажици)

Магдонос

Брашно(1 Супена лажица)

Вегета(1 Супена лажица)

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Лук(1 Чешне)

Црвен вински оцет(2 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Чаденото месо измијте го и исечете го на поголеми парчиња. Ставете го во тенџере со зовриена вода на оган.
  2. Главицата кромид исечете ја на поголеми резанки, а магдоносот исечкајте го покрупно. Додајте ги во тенџерето и зачинете со сол, бибер и вегета.
  3. Откако чаденото месо ќе омекне, извадете го од тенџерето и исечкајте го на ситни коцки.
  4. Во тенџерето на оган додајте го доматното пире, сечканото чешне лук и доматот.
  5. Откако парчињата домат ќе се сварат, содржината од тенџерето исцедете ја во цедалка врз друго тенџере. Тенџерето со процедената течност ставете го на оган.
  6. Во друг длабок сад со жица за матење измешајте ги оцетот, киселата павлака, црвениот пипер и брашното додека да се соединат. Непрекинато мешајќи со жицата, додајте ја смесата во тенџерето на оган.
  7. Додајте ги и парчињата чадено месо и промешајте. Варете додека чорбата ја добие потребната густина.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: