Рецепти
Чорба од крап
Вкусна рибја чорба со зеленчук што мора да ја испробате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Морков(2 )
Крап(500 Грама)
Брашно(1 Супена лажица)
Кромид(1 Главица)
Лук(4 Чешниња)
Зелена пиперка(2 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Во тенџере со вода на оган ставете ја рибата и посолете. Додајте ги и исечканите пиперки, моркови и кромид и варете 45 минути.
- Сварената риба извадете ја од тенџерето, отстранете ѝ ги кожата и коските, а месото иситнете го со виљушка.
- Преостанатата содржина исцедете ја и течноста вратете ја во тенџерето на оган.
- Зеленчукот измиксајте го во блендер и додајте го во теенџерето со течноста.
- Во друго тенџере на оган со загреано масло пропржете го исечканиот лук, додајте го брашното и промешајте.
- Парчињата крап додајте ги во тенџерето со чорбата и промешајте.
- Откако брашното ќе добие златнорумена боја, запршката додајте ја во чорбата.
- Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во тенџерето, варете уште кратко, па послужете ја чорбата веднаш, наросена со црн пипер.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во