Рецепти
Динстан свински врат Ана Ѓорова

Богат ручек од свински врат со сланина и мешан зеленчук. Одлично оди со чаша црвено вино.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински врат(1 Килограм)

Димена сланина(100 Грама)

Свежи шампињони(100 Грама)

Компир(2 големи исечкани на коцки )

Пченка во конзерва(50 Грама)

Рендан кашкавал(100 Грама)

Кисела павлака(150 Грама)

Сенф(1 Супена лажица)

Морков(1 )

Лук(3 Чешниња)

Кромид(1 Главица)

Црвен пипер

Бибер

Сол

Вегета

Рузмарин

Сув магдонос

Ловоров лист

Мајчина душичка

Домат(или кечап )

Бело вино(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 3 часа

  1. Свинскиот врат се сечка на крупни парчиња и се става во огноотпорен сад.
  2. Се додаваат зачините по желба (може од сите набројани, но по малку), месото се меша со зачините, се додава исечкан лук и кромид и се остава 4 часа да отстои (може и подолго).
  3. Во огноотпорен, стаклен сад се додаваат чадената сланина исечкана на листови, кашкавалот, морковот, печурките, компирите, пченката, павлаката, сенфот и доматот. На крајот се налева вино и сето тоа добро се промешува.
  4. Огноотпорниот сад се поклопува со капак и се динста на 180 степени околу 150 минути додека да испари виното.
Весела торта
Пача
Посна сарма со праз и шампињони
Највкусни крофни
Свинско со пиво и со рузмарин
Печен ролат од свинско каре
Кростата со рикота и чоколадо
Мешана тава со месо и печурки
Свинско печено во маринада
Јунешки гулаш во црвено вино
Суви смокви
Карамелизирани смокви
Пијана скуша
Ребра со виски сос
Летен ѓувеч
Торта од лимон и боровници
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Полнети погачки со виршли
Леден чај
Тава со модри патлиџани
Ролат погача
Лиснати погачки
Грне од месо и зеленчук
Полнето пиле
Ребра во сос од виски
Полнето пиле со ориз
Тава зајачко со зеленчук
Билјаши
Ролат штрудли со афион

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: