Рецепти
Фокача со кромид и кашкавал Ана Ѓорова

Италијанско тенко печиво со фил од пржен кромид и топен кашкавал за одличен ручек или предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Шеќер(2 лажици + 80 грама )

Квасец(15 грама свеж )

Маслиново масло

Сол

Црвен кромид(4 Главици)

Путер(50 Грама)

Кашкавал(50 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути + 3 часа за тестото

  1. Брашното просејте го на работната површина. Направете вдлабнатина во средината и додајте го квасецот, претходно растопен во малку млака вода, 2 лажици шеќер, 1 дл вода и прстофат сол.
  2. Замесете тесто и оформете го во топка. Покријте го со крпа и оставете го да стаса еден час.
  3. По еден час замесете го тестото повторно со 3 лажици масло. Покријте го и оставете го да стаса уште еден час.
  4. Во меѓувреме исечете го кромидот на тенки парчиња и пропржете го на путерот. Додајте сол и бибер по вкус и пржете на тивко околу 20 минути (додајте по потреба зовриена вода).
  5. Тестото растегнете го со рацете во еден плех, со тоа што краевите малку ќе ги задебелите.
  6. Врз фокачата ставете го пржениот црвен кромид, додајте кашкавал исечкен на коцки и одозгора наросете шеќер. Оставете ја фокачата да отстои уште еден час.
  7. Потоа печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Сервирајте ја топла.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: