Рецепти
Говедски јазик на шпански начин Ана Ѓорова

Специјалитет од говедски јазик со сос од бадеми, павлака и сланина.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Говедски јазик(1 )

Бадеми(100 Грама)

Кромид(25 Грама)

Сланина(100 Грама)

Морков(4 )

Доматен сос(1 Супена лажица)

Бело суво грозје(50 Грама)

Суво грозје(50 Грама)

Коцка за супа-говедскa(1 )

Вегета(1 Кафена лажица)

Павлака(200 Милилитри)

Црвено вино(300 Милилитри)

Брашно(3 Супени лажици)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 250 минути

  1. Говедскиот јазик измијте го со топла вода, а потоа ставете го да се вари во посолена вода. Јазикот се вари 3 часа во тенџере покриено со капак.
  2. Во меѓувреме потопете го сувиот кромид 15-тина минути во топла вода и исцедете го со цедалка (1 кг сув кромид заменува 9 кг свеж).
  3. Исечкајте ги сланината и морковите на коцки и пропржете ги во друго тенџере со масло, а потоа додајте го кромидот.
  4. Кога јазикот ќе се свари, извадете го од тенџерето, излупете го и оставете го во чинија настрана, а во водата во која се вареше додајте 1 коцка за супа и варете ја со покриен капак.
  5. Во тенџерето со сланината, додајте 3 лажици брашно, малку масло и додајте го варениот говедски јазик.
  6. Убаво промешајте, додајте црвено вино, готовата супа од другото тенџере, 2 лажици вегета, сол, 1 лажица доматен сос, бибер и оставете да се вари.
  7. Потоа извадете го јазикот од тенџерето и оставете го настрана, а во тенџерето додајте црно и бело суво грозје, сечкани бадеми и павлака. Промешајте и варете уште неколку минути.
  8. Сварете ориз и ставете го во чинија за сервирање. Врз чинијата со ориз во средината ставете го говедскиот јазик кој претходно ќе го исечете на парчиња со дебелина од 2 см.
  9. На крај со црпалка прелијте од претходно подготвениот сос од тенџерето. Декорирајте со бадеми и китка магдонос.
Весела торта
Пача
Посна сарма со праз и шампињони
Највкусни крофни
Свинско со пиво и со рузмарин
Печен ролат од свинско каре
Кростата со рикота и чоколадо
Мешана тава со месо и печурки
Свинско печено во маринада
Јунешки гулаш во црвено вино
Суви смокви
Карамелизирани смокви
Пијана скуша
Ребра со виски сос
Летен ѓувеч
Торта од лимон и боровници
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Полнети погачки со виршли
Леден чај
Тава со модри патлиџани
Ролат погача
Лиснати погачки
Грне од месо и зеленчук
Полнето пиле
Ребра во сос од виски
Полнето пиле со ориз
Тава зајачко со зеленчук
Билјаши
Ролат штрудли со афион

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: