Рецепти
Крокети со шунка Ана Ѓорова

Пржени, крцкави крокети со шунка и сос од кисели краставички и мајонез

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шунка(250 Грама)

Лебни трошки(2-3 Супени лажици)

Кисели краставички(2 )

Пченкарно брашно(100 Грама)

Мајонез(150 Грама)

Путер(50 Грама)

Брашно(150 Грама)

Магдонос(1 Китка)

Јајце(2 )

Млеко(500 Милилитри)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Бело вино(1-2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Во тенџере на оган растопете го путерот и додајте сечкан магдонос и врело млеко. Мешајте со жица за матење и постепено додавајте го белото брашно. Тргнете од оган и продолжете да мешате додека тестото започне да се одделува од тенџерето.
  2. Потоа додајте го и пченкарното брашно, шунката исечкана на коцки, 1 јајце и соединете ја смесата. Со дланките земете од подготвената смеса и формирајте крокети.
  3. Така подготвените крокети, извалкајте ги во брашно, во 1 изматено јајце, во лебните трошки и пржете ги на загреано масло од двете страни додека не заруменат. Потоа ставете ги на хартија за да се исцедат од вишокот маснотии и ставете ги во чинија за послужување.
  4. Киселите исечкајте ги на мали коцки и измешајте ги со мајонез и бибер. Убаво промешајте и додајте малку бело вино за да се разреди преливот, а потоа полијте го врз готовите крокети и послужете.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: