Рецепти
Лута крем супа Ана Ѓорова

Чили супа со моркови, зачини и слатка павлака

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Морков(150 Грама)

Путер(2 Супени лажици)

Коцка за супа-бујон(200 Милилитри)

Чили во прав(2-3 Супени лажици)

Слатка павлака(2 Супени лажици)

Јаболко(1 )

Сол(1 Кафена лажица)

Жолчка од јајце(1 )

Брашно(1/2 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Кромидот и лукот исчистете ги и исечете ги ситно, а морковите излупете ги и исечете ги на парчиња.
  2. Јаболкото излупете го, исечете го на четвртинки, а потоа на мали коцки.
  3. Загрејте го путерот и во него динстајте ги кромидот и лукот, а потоа додајте ги јаболкото и морковите и сето тоа кратко пропржете го.
  4. Смесата посипете ја со брашно, уште малку пропржете ја и прелијте ја со супата. Оставете да зоврие на тивок оган и варете ја 20-тина минути. Зачинете со сол и со чили во прав.
  5. Зеленчукот заедно со водата испасирајте го и вратете го во тенџерето.
  6. Жолчката изматете ја и додавајте ја со постојано мешње во топлата, но не и врела супа.
  7. Ставете ја супата во чинии, во средината ставете од павлаката и со врвот од ножот разматете ја по супата за да добиете убава шара. На крај посипете ја со чили во прав и со ситно исечкани зачински билки.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: