Рецепти
Мусака со кисела зелка Ана Ѓорова

Уникатен рецепт за мусака

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кисела зелка(800 Грама)

Мешано мелено месо(500 Грама)

Кромид(2 Главици)

Јајце(5 )

Павлака(4 Супени лажици)

Слатка павлака(100 Грама)

Масло(100 Милилитри)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Прстофат)

Вегета(1 Кафена лажица)

Вода(1 Чаша)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Кромидот ситно се сечка и се пржи во тава на загреано масло.
  2. Додадете го меленото месо и зачинете со вегета и бибер. Додајте и малку вода и сè заедно динстајте.
  3. Во меѓувреме сварете го оризот.
  4. Кога филот ќе биде при крај додајте му јајце и оставете го уште неколку минути.
  5. Во друга тава ставете ја сечканата кисела зелка со малку масло да се продинста.
  6. Тавчето за печење или огноотпорниот сад премачкајте го со масло и ставете половина од киселата зелка.
  7. Врз зелката ставете го оризот, а врз него месото.
  8. Со остатокот од зелката покријте го филот, ставете малку вода и покријте го садот за печење со фолија.
  9. Печете на 200 степени околу половина час.
  10. За прелив употребете 4 јајца, кисела павлака и павлака за готвење, посолете, сè убаво измешајте и прелијте ја муската.
  11. Вратете ја во рерна без фолија додека преливот не фати убава кора.
Весела торта
Пача
Посна сарма со праз и шампињони
Највкусни крофни
Свинско со пиво и со рузмарин
Печен ролат од свинско каре
Кростата со рикота и чоколадо
Мешана тава со месо и печурки
Свинско печено во маринада
Јунешки гулаш во црвено вино
Суви смокви
Карамелизирани смокви
Пијана скуша
Ребра со виски сос
Летен ѓувеч
Торта од лимон и боровници
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Полнети погачки со виршли
Леден чај
Тава со модри патлиџани
Ролат погача
Лиснати погачки
Грне од месо и зеленчук
Полнето пиле
Ребра во сос од виски
Полнето пиле со ориз
Тава зајачко со зеленчук
Билјаши
Ролат штрудли со афион

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: