Рецепти
Пита со блитва и со коприва
Вегетаријански рецепт што може да го подготвите за предјадење или појадок со чаша јогурт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Спанаќ(600 Грама)
Коприва(100 Грама)
Сирење(150 Грама)
Јајце(3 )
Интегрално пченично брашно(150 Грама)
Пченкарно брашно(70 Грама)
Прашок за печиво(2 Кафени лажици)
Павлака(2 Супени лажици)
Масло(60 Милилитри)
Лук(малку )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Блитвата и копривата се чистат, се мијат и кратко се обаруваат во солена вода. Потоа се цедат, се преливаат со млаз студена вода, повторно се цедат од водата и се сечкаат ситно.
- Во сад се ставаат свежото сирење, блитвата, копривата и јајцата и се промешува.
- Во садот се додава маслото и потоа брашната измешани со прашокот за печиво.
- Во смесата се додаваат павлаката, ситно сечканиот лук и свежите зачински билки (босилек, магдонос, мајчина душичка, рузмарин).
- Се зачинува со сол, бибер, вегета и мускатно оревче, се става во обложена тепсија и се пече 40 минути во рерна загреана на 200 степени.
- Печената пита се остава неколку минути во тепсијата, па се вади хартијата за печење и се сече на парчиња.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во