Рецепти
Полнет ролат со свинско месо
Вкусен ручек од свежо свинско месо од бут, полнето со фил од моркови, магдонос и лук
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Свински бут(1 Килограм)
Црвено вино(1 Чаша)
Вода(700 Милилитри)
Брашно(2 Супени лажици)
Морков(4 )
Магдонос(1 Китка)
Лук(2 Чешниња)
Кашкавал(200 Грама)
Печеница(200 Грама)
Модар патлиџан(4-5 Парчиња)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 3 часа
- Свинското месо треба добро да се исчука, да се посоли, забибери и да се премачка прво со масло, па одозгора со сенф.
- Морковите, кашкавалот и печеницата се сечкаат на коцки, а магдоносот и лукот ситно се сечкаат и потоа сето тоа се меша заедно во сад.
- На почетокот врз месото се редат кругови од модар патлиџан, па врз него се реди филот од моркови.
- Месото се витка во ролат и се врзува со кујнски конец.
- Ролатот прво се пропржува во тава со масло. Потоа се прави запршка (во садот во кој ќе се пече ролатот) од 2 лажици брашно и малку масло. Во запршката се додава една чаша црно вино и околу 600-700 мл врела вода.
- Ролатот се пече околу 2 часа во рерна, па се сече и декорира по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во