Рецепти
Посна пита со праз
Едноставен и посен рецепт за домашна пита
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(500 Грама)
Праз(4-5 страка )
Квасец(1 )
Вода(по потреба да се замеси тестото )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Празот исчистете го, измијте го и исечкајте го ситно, па пржете го на масло. Откако ќе омекне и ќе се испржи, тргнете го настрана да се олади.
- Во сад за месење ставете ги брашното и квасецот и со малку сол и вода по потреба замесете го тестото.
- Потоа поделете го на два дела – првиот дел расукајте го во подебела кора и ставете ја во намастена кружна тепсија, попрскајте ја со масло и врз неа ставете го испржениот праз.
- Одозгора ставете ја и втората кора, попрскајте ја со масло и печете ја во загреана рерна на 200 степени додека зарумени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во