Рецепти
Руски колач со афион Ана Ристеска

Одличен десерт за сите љубители на слатки со афион

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Жолчка од јајце(1 )

Јајце(1 )

Квасец во прав(1 Пакување)

Јогурт(150 Милилитри)

Шеќер(10 Супени лажици)

Путер(1 Супена лажица)

Масло(3 Супени лажици)

Афион(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути

  1. Во сад за месење ги ставаме брашното, еден сув квасец, 4 лажици шеќер и сето тоа го промешуваме. Додаваме јајце, јогурт, масло и путер, па замесуваме тесто.
  2. Тестото го покриваме со крпа и го оставаме половина час на топло. Потоа го размесуваме и пак го чекаме уште половина час.
  3. Фил: афионот се вари во мала количина вода до испарување. Потоа додаваме 6 лажици шеќер и убаво мешаме.
  4. Од стасаното тесто правиме тенок слој и одозгора рамномерно го редиме филот од афион.
  5. Тестото го виткаме во ролат, ги сечкаме краевите и ги спојуваме.
  6. Ролатот го ставаме во пекарска хартија и внимателно го сечеме со нож на парчиња од еден сантиметар, но не до крај за да не направиме ливчиња.
  7. Формирање: едно ливче вртиме навнатре, а двете следни нанадвор, вртејќи ги така сите до крај.
  8. Претходно исечканите краеви ги спојуваме и ги вклопуваме во центарот на колачот.
  9. Колачот го премачкуваме со жолчка и го печеме 20-25 минути на 200 степени.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: