Рецепти
Цимет ѕвездички Ана Ристеска

Чајни колачиња од цимет кои покрај одличниот вкус претставуваат и одлична декорација за вашата трпеза

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер во прав(250 Грама)

Цимет(5 Грама)

Мелени бадеми(250 Грама)

Белка од јајце(2 )

Белка од јајце(за преливот 1 )

Шеќер во прав(за преливот 150 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути.

  1. Просејте го шеќерот во прав и циметот во еден сад.
  2. Додајте ги мелените бадеми и белките. Матете се додека не добиете мазна смеса.
  3. Кога тестото ќе биде убаво измесено завиткајте го во проѕирна стреч фолија и ставете го во фрижидер 1 час.
  4. Нежно расукајте го тестото со дебелина од 10мм. Повторно вратете го во фрижидер или замрзнувач 15 минути.
  5. Ставете ги белката и шеќерот во прав во сад. Убаво матете ги за да добиете цврст прелив.
  6. Со лажица нанесете убав слој од преливот врз тестото.
  7. Калапот за сечете во форма на ѕвезда потопете го во вода и почнете да сечете ѕвезди од тестото.
  8. Ставете ги на тава која е обложена со хартија за печење.
  9. Тестото кое ви останало преработете го на истиот начин и направете уште ѕвезди.
  10. Оставете ги ѕвездите да се исушат на собна температура околу 2 часа.
  11. Печете ги во претходно загреана рерна на 170 степени околу 10 минути.
  12. Кога ќе се оладат чувајте ги во кутија на суво место.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: