Рецепти
Турски ќофтиња од црвена леќа и булгур Ана Ѓорова

Меки и вкусни зачинети ќофтиња на турски начин, од црвена леќа и булгур во сос од кисело млеко, спанаќ и црвен пипер како одлична идеја за ручек или вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црвена леќа(1/2 Чаша)

Булгур-житарка(2/3 Чаши)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Кромид(1/2 Главица)

Зелена пиперка(1-2 )

Кумин(1/2 Кафена лажица)

Коријандер(1/2 Кафена лажица)

Бибер(1 Прстофат)

Доматен сос(1 Кафена лажица)

Домат(1 )

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Сечкан магдонос(2 Супени лажици)

Спанаќ(160 Грама)

Кисело млеко(6 Супени лажици)

Црвен пипер(1-2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Сварете ја леќата во солена вода околу 15-20 минути додека омекне. Потоа додајте го булгурот, сол и додајте уште 3/4 лажици вода. Покријте со капак и варете уште 15-20 минути.
  2. Во меѓувреме во мала тава испржете го исечканиот кромид со масло. Кога ќе омекне додајте ја исечканата пиперка, зачините, сосот од домати и гответе додека омекнат пиперките, околу 2-4 минути.
  3. Откако ќе се сварат леќата и булгурот, измешајте ги со лупениот и исечканиот домат, магдонос, сок од лимон и претходно подготвената смеса со пиперките. Со дланките убаво измешајте и соединете ја смесата, а потоа формирајте бомбици.
  4. Во друг сад промешајте го исечканиот спанаќ, киселото млеко и црвениот пипер, прелијте врз ќофтињата и сервирајте ги со парче леб.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: