Рецепти
Велигденска корпа Ана Ристеска

Слатка велигденска корпа од која сите ќе бидат воодушевени

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1/2 Килограм)

Квасец(1 )

Шеќер(100 Грама)

Маргарин(80 Грама)

Масло(2 Супени лажици)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Жолчка од јајце(3 )

Млеко(250 Милилитри)

Рендана кора од лимон

Ванилин шеќер(1/2 Пакување)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 120 минути

  1. Млекото се топли заедно со шеќерот, да биде млако. Се додава ванилата и се меша додека се стопи шеќерот. Во млакото млеко се рони квасецот. Во друг сад се става брашното, се додава маргаринот, солта, жолчките, маслото и кората од лимон. Се додава млекото и се замесува тестото за козинакот.
  2. Тестото се остава 1 час да нарасне. Потоа повторно се размесува и се дели на 4 еднакви дела.
  3. Од трите дела се прави венецот. Едното топче се дели на 4 еднакви дела. Од трите дела се прави рачката на корпата, а од едниот дел се прави дното на корпата.
  4. Прво се изработува дното на корпата. Едното топче се дели на 8 еднакви дела. Се прават ленти-тркалезни 8, 4 за долу и 4 за горе. Се плетат како мрежа и се поставуваат на дното од тава намачкана со маргарини посипана со брашно.
  5. Венецот за корпата се прави од трите најголеми топчиња. Сите три топчиња се развлекуваат во вид на ролат и се обликуваат да бидат со иста должина и со иста дебелина.
  6. Сувото грозје се става на средина од лентата и повторно се обликуваат. Се поставуваат на средината од масата, треба да бидат долги околу 1м. Се почнува со плетење на плетенката од средина.
  7. Се исплетува едната половина, а при крај не се плете, се остава околу една педа за да се спои венецот. Се поставува во тавата и се остава да стаса 1 час.
  8. Рачката за корпата се прави од трите дела. Се обликуваат како ролат (цилиндрични ленти), во нив не се става суво грозје. Се плете плетенка во должина соодветна на венецот. Стаклен сад со полукружно дно (обратно свртен) се премачкува со маргарин и брашно во дебелина на плетенката. Се поставува плетенката.
  9. Додека стасува корпата неколку пати се премачкува со масло. Откако ќе стаса, велигденската корпа се премачкува со смесата за премачкување (1 жолчка, неколку капки масло, млеко, вода), одозгора се ставаат парченца маргарин и се пече во загреана рерна на 180 степени.
  10. По печењето средината од венецот се засекува со нож и се прицврстува рачката на корпата. Се декорира по желба и се полни со велигденски јајца.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: