Рецепти
Зимска торта „Бомба“ од пудинг Ана Ѓорова

Вид на божиќен пудинг со сладолед кој можете да го направите во секое време

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Сладолед(1 Килограм)

Милиброд со овошје(1 Килограм)

Слатко вино(125 Милилитри)

Џем од малини(3 Супени лажици)

Ф‘стаци(25 Грама)

Вишни(75 Грама)

Глазирано овошје(40 Грама)

Мандарина(2 )

Црно чоколадо(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути

  1. Извадете го сладоледот од ванила од замрзнувачот за да омекне малку додека го спремите останатото.
  2. Двелитарскиот сад за пудинг обложете го со 3 слоја самолеплива фолија.
  3. Со нож исечете го овошниот милиброд на пола, а потоа од половините исечете парчиња со 2 сантиметри дебелина (може да земете купечки милиброд по ваш вкус).
  4. Шест парчиња од милибродот наредете ги во садот во една линија и притиснете ги убаво да се соединат и го покријат цел ѕид на садот.
  5. Попрскајте ги малку со некое слатко вино за милибродот да го упие, а потоа обложете го пандишпанот со џем.
  6. Додајте една половина од сладоледот во садот и со лажица распространете го рамномерно така што ќе се добие дебел слој.
  7. Посипете одозгора со ф’стаци, вишни и глазирано овошје (по ваш вкус), а потоа одозгора ставете слој мандарини.
  8. Додајте ја другата половина од сладоледот. Брзо распространете го пред да се стопи.
  9. Ставете ги останатите кришки од милибродот и повторно попрскајте ги со малку вино и чинијата прекријте ја со самолепливата фолија.
  10. Притиснете го садот одозгора за да се соедини и ставете го во замрзнувач преку ноќ или подолго.
  11. Кога ќе сакате да го послужите, стопете црно чоколадо на пареа.
  12. Додека чоколадото се топи внимателно превртете ја тортата на чинија за служење и одозгора изрендајте малку кора од мандарина, а потоа прелијте ја тортата со стопеното чоколадо.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: