Рецепти
Кремаста супа од печурки Ана Ѓорова

Здрав и вкусен веган рецепт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(250 Грама)

Кромид(1 Главица)

Ловоров лист(1 Лист)

Мајчина душичка во прав(0.5 Кафена лажица)

Овесни снегулки(100 Грама)

Бибер(1 Прстофат)

Соја сос(2 Супени лажици)

Хималајска сол(1 Прстофат)

Сува везена црвена пиперка(2 Парчиња)

Вода(5 Чаши)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Во нелепливо тавче се пропржува кромидот без додавање на масло, додека малку не добие кафеава боја. Ако има потреба се додава малку вода.
  2. Во друг сад се ставаат ловоровиот лист, мајчината душица и овесните снегулки, и се комбинираат со пет чаши вода.
  3. Се додава и кромидот и сето тоа се загрева до вриење, а потоа се намалува температурата и се вари 10 минути, или додека овесот омекне.
  4. Во меѓувреме во посебно тенџере се пржат печурките со малку сол, без додавање на вода. Печурките ќе пуштат самите вода и така треба да се пржат додека таа вода не испари.
  5. Кога овесот ќе омекне, целата смеса во тенџерето се блендира со блендер и се враќа во тенџерето.
  6. Се додаваат печурките, соја сосот, сушените домати, малку морска сол, мелен црн пипер и уште малку се проврива.
  7. На крајот, се служи топло.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: