Рецепти
Пијан крап (посно) Ана Ристеска

Македонски посен специјалитет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Крап(2 Килограми)

Кромид(4 Главици)

Вегета(2 Кафени лажици)

Лук(3 Чешниња)

Морков(5 )

Свеж сок од лимон(2 Кафени лажици)

Маслиново масло(2 Кафени лажици)

Рендана кора од лимон(2 Кафени лажици)

Бело вино(150 Милилитри)

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Убаво исчистете го крапот одвнатре и извадете му ги крлушките. Засечете го на оддалеченост од 1 сантиметар, посолете го и посипете го со мелен сув зачин.
  2. Вака подготвениот крап оставете го да отстои половина час на собна температура.
  3. Во меѓувреме исечкајте ги лукот, магдоносот и морковот.
  4. Рибата полејте ја со сок од лимон и одвнатре премачкајте ја со маслиново масло. Почнете да ја полните рибата, прво со половина од подготвениот магдонос, па лукот, кората од лимон, морковот и на крај завршувате со остатокот од магдоносот.
  5. Засеците затворете ги со чепкалки за заби.
  6. Рибата ставете ја во тава за печење која претходно сте ја премачкале со масло.
  7. Полијте ја со виното и одозгора посипете ја со мелена црвена пиперка.
  8. Тавата одозгора покријте ја со фолија и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 250°C околу 1 час. Потоа извадете ја фолијата и допечете ја рибата уште 15-тина минути.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: