Рецепти
Пита со бело месо Ана Ристеска

Интересна и прелесна пита со сирење и бело месо која е совршениот појадок или предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешко месо(400 Грама)

Јајце(5 )

Компир(1 Килограм)

Кромид(1 Главица)

Кисела павлака(200 Милилитри)

Брашно(3 Супени лажици)

Путер(100 Грама)

Сирење(250 Грама)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган.
  2. Пилешкото месо го сечкаме на ситни коцки, го додаваме во тавата и промешуваме. Откако кромидот и месото ќе се испржат зачинуваме со сол и бибер и промешуваме.
  3. Компирите ги сечкаме на парчиња и ги вариме во тенџере со зовриена вода на оган. Ги цедиме во цедалка, ги ставаме во длабок сад и матиме со миксер. Го додаваме путерот и матиме со миксерот додека не се растопи.
  4. Кршиме 3 јајца, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките ги додаваме во садот со пирето. Го додаваме брашното и матиме со миксер.
  5. Белките ги посолуваме и матиме со миксер. Ги додаваме во садот со пирето и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Половина од смесата нанесуваме во правоаголна тава обложена со намрсена хартија. Врз неа го нанесуваме филот од бело месо. Прекриваме со преостанатата смеса од компири.
  6. Во длабок сад со жица ги матиме преостанатите 2 јајца. Ја додаваме павлаката и мешаме додека не се соединат.
  7. Ја премачкуваме питата со мешавина од јајца и павлака. Тавата ја ставаме во рерна, печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: