Рецепти
Тортелини со тиква Ана Ѓорова

Домашни тестенини со фил од тиква кои нема да Ве остават рамнодушни

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(400 Грама)

Јајце(4 )

Тиква(2 Килограми)

Џем од кајсии(200 Грама)

Рендан кашкавал(8 Супени лажици)

Амарети колачиња(150 Грама)

Лимон(1/2 )

Путер(100 Грама)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Од тиквата отстранете ги семките, а месестиот дел исечете го на парчиња. Ставете ги во плех и печете ги на 170 степени 50 минути. За да проверите дали тиквата е печена, боцнете со вилушка.
  2. Отстранете ја кората од тиквата, а месестиот дел испасирајте го, префрлете го во сад и оставете го да се суши на тивок оган, често мешајќи го.
  3. Добиеното пире од тиквата ставете го во сад. Додајте ги џемот (може и џем од мешано овошје), 150 грама изронети, суви амарети колачиња (може да ги подготвите и самите според следниот рецепт: https://moemeni.mk/?cs_recepti=amareti), ренданата кора од половина лимон, 6 лажици рендан кашкавал, солта и биберот. Добро измешајте и ставете ја смесата во фрижидер.
  4. Брашното истурете го врз рамна површина, посолете го и направете вдлабнатина во средината. Во неа ставете ги јајцата и мешајте ги најнапред со вилушка, а потоа со рацете така што ќе добиете меко тесто.
  5. Тестото тенко расукајте го до големина од 12 см. Врз едната половина од тестото на повеќе места ставете по малку од подготвениот фил (на растојание од 5 см), па прекријте ги со другата половина од тестото. Добро притиснете го тестото околу филот.
  6. Исечете тортелини од тестото и префрлете ги врз плех. Прекријте ги со крпа готовите тортелини за да не се исушат.
  7. Потоа сварете ги во поголемо количество посолена вода неколку минути (од 3 до 6, во зависност од големината на тортелините) и извадете ги со лажица-цедилка.
  8. Путерот стопете го на оган сè додека не стане пенлив. Тортелините ставете ги во неколку слоеви во една тава и на секој слој додавајте путер и кашкавал. Сервирајте ги топли со уште рендан кашкавал или пармезан по желба.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: