Рецепти
Француски крем кроасани Ана Ристеска

Рецепт за добро познатите француски кроасани со чоколадо кои сега можете да ги подготвите во вашиот дом

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Шеќер(2 Кафени лажици)

Сол(2 Кафени лажици)

Квасец(40 Грама)

Млеко(ладно 260 Милилитри)

Маргарин(250 Грама)

Јајце(1 за премачкување )

Нутела крем(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 300 минути

  1. Во длабок сад се мешаат сите состојки освен чоколадниот крем, маргаринот и јајцето. Се замесува тесто, се покрива со фолија и се остава во фрижидер околу 2 часа.
  2. Маргаринот се става помеѓу две парчиња проѕирна фолија, се расукува со сукало да се добие плочка.
  3. Тестото се вади од фрижидер по 2 часа, се расукува во лента со висина колку што е висината на плочката маргарин, а со три пати поголема ширина.
  4. Плочката маргарин се става во средината на лентата тесто, потоа се преклопува со тесто и од едната и од другата страна да се добие форма на писмо. Пак се расукува во лента, се преклопува уште три пати, се става во фолија и во фрижидер да отстои уште 20 минути.
  5. Тестото се вади од фрижидер, се расукува и се преклопува два пати и пак се остава да отстои уште 20 минути во фрижидер.
  6. Потоа, тестото се расукува во правоаголна форма со дебелина од 5 мм, со нож се пресекува хоризонтално на две ленти од кои се сечат триаголници. На секој триаголник се става по една лажичка нутела крем и се витка како кроасан.
  7. Кроасаните се редат во правоаголен плех обложен со хартија за печење, се оставаат да отстојат 90 минути. Пред да се стават во рерна се премачкуваат со претходно изматено јајце.
  8. Се печат на температура од 200 степени околу 20 минути. Се декорираат по сопствена желба и се сервираат.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: