Рецепти

Ѓувеч од праз и ориз (посно)
Посен ѓувеч на едноставен начин за вкусен ручек
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Праз(1 Килограм)
Ориз(2 Чаши)
Доматен сос(200 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Белиот дел од празот исечете го на парчиња долги 5-6 см, кратко проварете го во зовриена и солена вода, исцедете го и пропржете го во загреано масло.
- Додајте со празот малку мелен црвен пипер, 300 мл вода и уште малку варете го.
- Измиениот ориз измешајте го со празот, додајте ги сокот од домати, зачините, сувата пиперка и сокот од лимон.
- Сето тоа варете го на тивок оган додека оризот не се свари или ѓувечот потпечете го во загреана рерна.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во