Рецепти
Ќофтиња од ориз со брокули Ана Ѓорова

Вегетаријански ќофтиња со сос од домати како идеја за превкусен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ориз(350 Грама)

Брокула(200 Грама)

Домат(400 Грама)

Рузмарин(1 Гранче)

Бело вино(1 Чаша)

Бистра зеленчукова супа(1,5 Литар)

Лук(2 Чешниња)

Рендан кашкавал

Путер(20 Грама)

Масло(4 Супени лажици)

Шеќер(1 Прстофат)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Измијте ги брокулите, варете ги во зовриена вода 2 минути, па префрлете ги во друг сад со ладна вода.
  2. Исечкајте ги лукот и рузмаринот.
  3. Во еден сад пржете го лукот на 2 лажици масло и половина од путерот додека не зарумени и пушти мирис. Потоа додајте ги брокулите и пржете ги 5 минути. Додајте го оризот и со постојано мешање пржете го една минута.
  4. Полијте со виното и гответе додека не испари.
  5. Потоа додајте две лажици супа, па пржете уште 15 минути, додавајќи уште супа откако претходната ќе испари. Посолете го и оставете го да се олади.
  6. Пржете го останатиот лук на останатото масло и путер.
  7. Додајте ги излупениот домат без семки, рузмаринот, солта и биберот и пржете 10 минути на силен оган, па додајте го шеќерот.
  8. Од оризот формирајте повеќе ќофтиња, ставете ги на плех со масна хартија за печење и печете ги 5 минути на 180 степени.
  9. Сервирајте ги ќофтињата со сосот од домати и рендан кашкавал.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: