Рецепти
Крокети од соја и зелка Ана Ѓорова

Брзо вегетаријанско јадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Соја зрна(200 Грама)

Зелка(400 Грама)

Црвен кромид(1/2 Главица)

Леб(100 Грама)

Брашно(40 Грама)

Ким

Масло

Јаболков оцет

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Исчистете ја зелката, отстранете ги жилите, измијте ги листовите и исечете ги на резанки. Половина од резанките оставете ги настрана.
  2. Кромидот излупете го и исечкајте го, па пржете го на 3 лажици загреано масло со малку ким.
  3. Откако кромидот ќе омекне, додајте 200 г зелка и малку сол, па поклопете ја тавата и пржете ја 5 минути на силен оган.
  4. Зрната од соја сварете ги во вода да омекнат, па исцедете ги и испасирајте ги со вилушка. Додајте ги на варената зелка заедно со издробениот леб (средината на лебот без корки), половина од брашното и сол. Добро промешајте.
  5. Со набрашнети раце од смесата направете повеќе ќофтиња со големина на орев. Ставете ги врз плех прекриен со масна хартија, полијте ги со масло и печете ги на 220 степени 10 минути.
  6. Готовите крокети сервирајте ги со зелката која ја оставивте настрана, зачинета со масло, оцет и сол.
Салата со соја и шампињони
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Пита со карамелизирана тиква
Чорба без масло
Крокети од тиква и пармезан
Тарт со праз
Вегетаријански плескавици
Посна сарма со праз и шампињони
Топчиња од палента
Топчиња од зеленчук
Чоколадни бомбици со авокадо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Шеќерни јаболки
Сос од грав и лук
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Салата со карфиол и маслинки
Крем чорба од зеленчук
Топчиња со блитва
Чорба со блитва и кисела павлака
Проја мафини со брокула
Чорба со кисели краставички
Овесни колачиња со цимет и мед
Мафини со рибизли
Чорба со шампињони и кисела павлака

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: