Рецепти
Печен омлет од зеленчук
Лесен и здрав оброк со мешан зеленчук во неколку едноставни чекори
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(4 )
Грчки јогурт(100 Грама)
Рендан кашкавал(1 Супена лажица)
Морков(1 )
Тиквичка(1 )
Спанаќ(1 Шака)
Шери домати(8 )
Кромид(1/2 Главица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Во сад изматете ги јајцата со виљушка заедно со грчкиот јогурт, ренданиот кашкавал, биберот и солта.
- Исчистете го зеленчукот, тиквичката исечете ја на тенки ленти по должина, а морковот на кругови, па варете ги додека малку омекнат.
- Доматите исечете ги на половинки, па во друг сад варете ги со спанаќот и со кромидот исечен на ленти.
- Целиот зеленчук измешајте го и ставете го во огноотпорен сад врз хартија за печење. Зачинете ги по вкус со сол и бибер.
- Полијте ги зеленчуците со матените јајца и печете го омлетот во загреана рерна на 180 °C околу 20 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во