Рецепти
Овесна каша со тиквички
Започнете го денот со оваа овесна каша со тиквички што се подготвува лесно и брзо
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Овесни снегулки(1/3 Чаша)
Бадемово млеко(или вода 1 чаша )
Цимет(1/2 Кафена лажица)
Тиквичка(1/2 чаша рендана )
Чиа семе(2 Кафени лажици)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
Кафеав шеќер(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 15 минути
- Во мало тенџере додајте го млекото (или вода), циметот и овесните снегулки. Ставете ги на рингла и варете ги на умерен оган со повремено мешање, околу 3 минути.
- Потоа додајте ги чиа семките и ренданите тиквички. Продолжете да мешате уште околу 4 минути додека да ја добиете посакуваната густина.
- Кога ќе се свари, тргнете од оган, додајте ја ванилата и шеќерот.
- Одозгора ставете сечкани ореви, сечкани банани и малку јаворов сируп или мед.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во