Рецепти
Пилешко во сос од ореви Ана Ѓорова

Турски специјалитет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пиле(1 помало )

Леб(3 парчиња без корка )

Млеко(50 Милилитри)

Ореви(170 Грама)

Лук(5 Чешниња)

Кромид(1 Главица)

Морков(1 )

Целер(1 помал корен или 2 гранчиња )

Ловоров лист(2 )

Пилешка супа(по потреба )

Путер(70 грама (за преливот) )

Црвен пипер(1/2 лажичка (за преливот) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Во вода ставете ги целиот излупен кромид, морковот, целерот и ловоровите листови, зачинете со сол и бибер и додајте го целото пиле.
  2. Варете го 1 час, потоа извадете го пилето и оставете го да се олади.
  3. Откако ќе се олади, извадете му ја кожата и одвојте го месото од коската.
  4. Со виљушка или со прсти иситнете го месото на тенки резанки и ставете го во поголема чинија каде претходно ги ставивте парчињата леб натопени во млекото.
  5. Оревите и лукот изгмечете ги во аван (може да ги сомелете во блендер). Соединете ги со пилешкото месо и со натопениот леб.
  6. Постепено додавајте по малку пилешка супа и мешајте додека да добиете кремаста смеса.
  7. Во тава на оган растопете го путерот и пржете го црвениот пипер на тивко неколку минути со постојано мешање.
  8. Сервирајте го јадењето прелиено со преливот од црвен пипер.
Турска супа со црвена леќа и зеленчук
Мухалебија
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Сикма
Турски ѓевречиња (посно)
Полнети турски погачици
Птичјо гнездо
Модри патлиџани на турски начин
Пилешко во сос од ореви
Говедско со кромид
Баклава со кадаиф
Мантии
Мини лахмаџун
Баклава со јогурт
Алва од гриз со суво грозје (посно)
Турски погачици
Филџан бурек
Баклава со суви смокви и со јаболки
Турски млечен пудинг
Назли фатма
Сунгер татлија (араванија)
Турски крофни
Пилав од булгур
Воден бурек
Печена скуша со кромид
Турска супа од црвена леќа
Кадаиф со ореви и суво грозје (посно)
Бела алва (посно)
Јагнешко месо со пире од модри патлиџани

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: