Рецепти
Полнет кромид Ана Ѓорова

Лесно и декоративно предјадење за вашите гости

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кромид(8 поголеми главици )

Црвена пиперка(2 )

Тиквичка(1 )

Лимон(1 )

Фета сирење(250 Грама)

Вегета(1 Супена лажица)

Сол

Бибер

Маслиново масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Кромидот се лупи и се реди во тенџере. Се налева вода убаво да ги покрие главиците кромид, се посолува и се остава на оган да зоврие. Кога ќе зоврие, се вари неколку минути за да омекне кромидот, па се трга од оган и се остава да се излади.
  2. На секоја главица кромид и се отсекува капакот од страната на стебленцето. Со помош на лажица се отстранува внатрешноста на кромидот, внимавајќи да останат три слоја во секоја главица.
  3. Пиперките се мијат и се сечат на ситни коцкички, па се пропржуваат на малку масло колку да омекнат.
  4. Фета сирењето се сече на коцки.
  5. Тиквичката се става во тенџере, се прелива со вода, се посолува и се остава на оган да зоврие. Кога ќе зоврие, се остава да врие 3 минути, па се трга од оган. Откако ќе се излади, се сече на коцкички.
  6. Зачините се мешаат со лимонов сок, па се преливаат врз пиперките. Се додаваат тиквичката и сирењето и внимателно се меша.
  7. Со смесата се полнат главиците кромид и се преливаат со малку маслиново масло. Се декорираат по желба.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: