Рецепти
Полнети турски погачици Ана Ѓорова

Домашни погачки со семки и вкусен фил од зеленчук, шунка и кашкавал. Може да ги подготвите за појадок или како предјадење за разни пригоди

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Јајце(3 )

Масло(1 Супена лажица)

Вода(млака 1 лажица )

Кисело млеко(1 Супена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1 )

Бибер

Млад кромид(1 врзоп или 1 страк праз )

Шунка(50 Грама)

Кашкавал(50 Грама)

Морков(1 )

Магдонос(3 Гранчиња)

Сусам(и други семки по желба - лен, семки од тиква, афион )

Путер(за премачкување )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Мали, кружни керамички чинии (со заоблено дно) премачкајте ги со путер или маргарин и ставете ги семките.
  2. За тестото малку изматете 2 јајца, па додајте 1 лажица масло, 1 лажица вода и 1 лажица кисело млеко.
  3. Соединете ги во друг сад брашното, 1/2 лажичка сол и печивото, додајте ги во садот со јајцата и замесете тесто.
  4. Тестото оставете го да отстои, а во меѓувреме пржете ги сечканиот кромид и ренданиот морков.
  5. Откако ќе се испржат, додајте ги исечканата шунка, ренданиот кашкавал и 1 јајце. Зачинете по вкус со сол и бибер и додајте го исечканиот магдонос.
  6. Тестото развлечете го и сечете поголеми кругови.
  7. Ставете го кругот во керамичка чинија врз семките и малку притиснете, а преостанатото тесто префрлете го преку работ на чинијата.
  8. Наполнете со приготвената смеса и затворете со краевите на тестото, потоа премачкајте со путер.
  9. Печете ги погачките во претходно загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: