Рецепти
Шеќерпаре Ана Ѓорова

Турски колачиња со шербет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(250 Грама)

Шеќер во прав(1.5 Чаша)

Гриз(4 Чаши)

Јајце(2 )

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1/2 Кафена лажица)

Свеж сок од лимон(2 Супени лажици)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Брашно(3 Чаши)

Жолчка од јајце(1 )

Вода(4 Чаши)

Шеќер(4 Чаши)

Бадеми(50 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Путерот, шеќерот во прав и јајцата се матат пенасто. Постепено се додаваат гризот, прашакот за печиво, содата бикарбона, ванилиниот шеќер, брашното и 1 лажица сок од лимон.
  2. Се замесува мазно тесто, а потоа се одделуваат помали топчиња со тркалезна форма.
  3. Обликуваните топчиња се редат во намастен плех, се премачкуваат со изматена жолчка и во средината се става бадемче, лешник или орев.
  4. Се печат во загреана рерна на 190°C додека заруменат.
  5. Во меѓувреме се подготвува шербетот: шеќерот и водата се загреваат на тивок оган во тенџере, па кога шеќерот ќе се растопи, се вари уште 5-10 минути. Се додава уште малку цеден сок од лимон и се остава малку да се олади.
  6. Готовите шеќерпари се вадат од рерна и се преливаат со млак шербет. Се поклопуваат и се оставаат да отстојат до утредента.
Турска супа со црвена леќа и зеленчук
Мухалебија
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Сикма
Турски ѓевречиња (посно)
Полнети турски погачици
Птичјо гнездо
Модри патлиџани на турски начин
Пилешко во сос од ореви
Говедско со кромид
Баклава со кадаиф
Мантии
Мини лахмаџун
Баклава со јогурт
Алва од гриз со суво грозје (посно)
Турски погачици
Филџан бурек
Баклава со суви смокви и со јаболки
Турски млечен пудинг
Назли фатма
Сунгер татлија (араванија)
Турски крофни
Пилав од булгур
Воден бурек
Печена скуша со кромид
Турска супа од црвена леќа
Кадаиф со ореви и суво грозје (посно)
Бела алва (посно)
Јагнешко месо со пире од модри патлиџани

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: