Рецепти
Чорба од компир и карфиол
Одлична, зачинета чорбичка за загревање во студените денови
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Карфиол(750 Грама)
Компир(750 Грама)
Лук(3 Чешниња)
Сол(по вкус )
Бибер(околу 1 лажичка или повеќе по вкус )
Ѓумбир(околу 1 лажичка )
Масло(1 и пол лажица )
Вода(1 Литар)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Карфиолот иситнете го, а компирите излупете ги и исечкајте ги на мали коцки.
- Потоа додајте ги во тенџере на оган со 1 и пол лажица масло и сечканиот лук.
- Мешајте додека малку да се запржат. Зачинете со сол, бибер и ѓумбир во прав (околу 1 лажичка).
- Откако ќе се запржат, додајте 1 л вода во тенџерето и покријте со капак, па варете ги зеленчуците околу 30-тина минути или додека убаво омекнат и се сварат.
- Потоа тргнете го тенџерето од оган и содржината во него изблендирајте ја со рачен миксер да добиете пасирана чорба.
- Чорбата вратете ја на оган уште 5 минути, зачинете уште по вкус со сол, бибер и ѓумбир.
- Послужете ја чорбата топла веднаш со малку парче потпечен леб.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во