Рецепти
Ладна супа од цвекло и краставица
Освежителна супа што е погодна за потоплите денови
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Цвекло(2 средни )
Краставица(1 )
Пилешка супа(1 Чаша)
Грчки јогурт(1/2 Чаша)
Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)
Шеќер(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Цвеклото сварете го, излупете го и исечете го на коцкички.
- Краставицата исечете ја и извадете ѝ ги семките.
- Настрана сварете пилешка супа од коцката.
- Потоа во блендер ставете го зеленчукот заедно со 1 чаша од пилешката супа, јогуртот, свежо исцедениот сок од лимон, шеќерот и убаво изблендирајте ги состојките. Зачинете со сол и бибер.
- Оставете ја да се олади, па потоа ставете ја 4 часа во фрижидер или најдобро преку ноќ. Супата послужете ја ладна со гарнир од павлака и со свеж копар.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во